Кевин Дурант вечерва ќе дебитира за Феникс Санс

НБА клубот Феникс Санс официјално објави дека нивниот нов играч, 34-годишниот Кевин Дурант, ќе дебитира за тимот на мечот против Шарлот Хорнетс кој е закажан за ноќта меѓу среда кон четврток по средноевропско време.

Дурант го напушти Бруклин и премина во редовите на Феникс. Досега неговата премиера во тимот од Аризона беше попречена поради повреда на лигаментите на десното колено, поради што не играше од 8. јануари.

Доаѓањето на Дурант ги поттикна навивачите на Феникс да веруваат во титулата во НБА лигата, а тимот моментално е четврти во поредокот на Западната конференција со скор 33-29.

Оваа сезона, како играч на Бруклин, Дурент во 39 натпревари имаше просек од 29,7 поени, 6,7 скока, 5,3 асистенции и 1,5 блокади по натпревар.

Се вчитува...