Кевин Дурент стана ко-сопственик на ПСЖ

Американскиот кошаркар Кевин Дурент купи акции во актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на Шампионите, францускиот ПСЖ.

Договорот кој Американецот го постигна со групацијата „Катар спортс инвестмент“ го носи во сопственичката структура на клубот па тој ќе има можност да соработува на комерцијални, инвестициски и спортски проекти.

Групацијата најави и проширување на спортски план во останати спортови како кошаркарата па оттука се јави и потенцијален влез на клубот под покровителство на НБА преку најавеното проширување на НБА Европа.

Дурент и во минатото се поврзуваше со ПСЖ со вложувањето преку инвестицискиот фонд „Аркотс спорстс партнерс“, но овој пат вложи директно во клубот во повеќемилионска инвестиција.

Се вчитува...