Кевин Лав е нов кошаркар на Мајами Хит

Легендарниот американски кошаркар Кевин Лав ќе се приклучи на тимот на Мајами, откако ги договорил сите детали околу откупот на неговиот договор со Кливленд. Лав тоа го потврди на твитер, а неговиот план е да потпише со „жешките“ откако одби уште неколку понуди.

Моќното крило, сега има 34 години, беше во својата деветта сезона во Кавалирс и беше последниот преостанат член од шампионскиот тим од сезоната 2014/15.

Во минатото првенство Кевин Лав почесто остануваше на клупата на Кливленд и стартуваше само седум пати на последните 115 натпревари. Оваа сезона има 8,5 поени и 6,8 скока по натпревар.

Се вчитува...