Кевин Пангос е нов кошаркар на шпанскиот евролигаш Басконија. Натурализираниот Словенец од 2022 година беше член на тимот на Армани Милано, кој го напушти бидејќи немаше голема улога во тимот.
Својата најдобра кошарка Пангос ја одигра во дресот на Жалгирис, со кого играше на фајнл-форот во 2018 година во Белград, каде тимот од Каунас го освои четвртото место.
Тие партии во Литванија го препорачаа на Барселона, а потоа беше дел и од Зенит и ЦСКА Москва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

