Кевин Пантер го тужеше Партизан и му зема 200.000 долари

Кевин Пантер веќе две сезони ги брани боите на Барселона, па затоа изненадувачка е денешната информација дека екс-капитенот го тужел, воедно и успеал да го добие Партизан пред кошаркарскиот суд БАТ.

Судскиот процес се однесувал на сума од 200.000 долари, што Пантер сметал дека Партизан му ја должел како неисплатени последни рати од договорот што го имаше со „црно-белите“. Клубот како образложение објаснил дека парите се користени за да биде исплатен персоналниот данок од договорот на Пантер, кој таа сезона заработил 2,35 милиони долари од српскиот кошаркарски гигант.

Американецот не се сложил со таквото објаснување со јасна порака дека покривањето на данокот секогаш е на товар на клубот, па откако не ги добил назад парите што му биле стопирани решил правдата да ја побара по судски пат.

Судскиот процес официјално заврши денеска, во корист на кошаркарот, а Партизан покрај целата сума што мора да му ја исплати, ќе мора да ги покрие и судските трошоци на двете страни во вкупна висина од 20.000 евра.

Се вчитува...