Кевин Пантер ќе игра против Партизан

Партизан во 29. коло од Евролигата го очекува натпревар против Барселона кој е од големо значење за исполнување на амбицијата – пласман во разигрувањето за титула со оглед на тоа што каталонците се и воедно директен конкурент за едно од првите 10 места со идентичен скор од 15 победи и 13 порази.

Барселона се соочува со кадровски проблеми во пресрет средбата во петок, но денеска доби и добри вести за настап на еден од најдобрите поединци во составот, Кевин Пантер, доскорешниот капитен на Партизан кој ќе биде подготвен за игра.

Барселона го доби првиот меѓусебен натпревар оваа сезона славејќи со 79-87 на гостувањето во Белград.

Се вчитува...