Американскиот кошаркар Кевин Пантер повеќе не е сопственик на еден рекорд во Евролигата, достигнат во времето кога со успех го носеше дресот на Партизан.
Имено, станува збор за рекордот на последователни погодени слободни фралања. До вчеравечер Пантер беше рекордер со 69 погодени обиди во низа, но сега овој рекорд е во сопственост на капитенот на Макаби Тел Авив, Џон Дибартоломело.
Во победата на неговиот тим над Алба Берлин, Израелецот го реализираше 70-тото слободно фрлање во низа. Неговата серија се уште трае па ќе биде интересно да видиме кој ќе биде новиот рекорд кој треба да го достигнат следните генерации кошаркари.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА