Кевин-Принс се откажа од својот брат Џером: Не сакам да имам ништо со насилници

Кевин Принс Боатенг се откажа од својот брат Џером кој доби казна од 1.8 милиони евра поради физички напад над својата девојка. Џером успеа да избегне затвор поради нападот, но дефинитивно го загуби својот брат кој веќе не сака да има ништо со него.

„Одамна се дистанцирав од него. Го почитувам германскиот закон и го презирам насилството врз жените. Не ги поддржувам неговите постапки и веќе немам ништо со него“, изјави Кевин – Принс Боатенг.

Џером летово потпиша договор со Олимпик Лион, додека Кевин – Принс во моментов е дел од Херта Берлин.

Се вчитува...