Голманот на Ајнтрахт Франкфурт и германски репрезентативец Кевин Трап ќе паузира од фудбалот до крајот на 2019 година. Тој заработи сериозна повреда на рамото која ќе го оддалечи од терените најмалку во наредните три месеци.
Трап се повреди на мечот против Унион Берлин изминатиот викенд, а деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за скинат ротирачки лигамент на рамото.
„За жал, подолг период ќе бидеме без Кевин Трап, му посакуваме брзо опоравување. Имаме максимална доверба во Фредерик Роноу кој ќе го заземе неговото место“, изјави спортскиот директор Бруно Хубнер.
Фредерик Роноу има само шест настапи за Ајнтрахт Франкфурт од 2018 година, кога пристигна во тимот од данскиот Брондби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА