КФ на Босна и Херцеговина со нов апел до властите: Помогнете ни бидејќи не чека најлошото сценарио

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина во врвен состав се подготвува за престојниот Евробаскет, но сеуште не знае дали ќе настапи на континенталниот собир. Поранешната југословенска држава цели да настапи со најсилниот состав предводен од Џанан Муса и Јусуф Нуркиќ, но нема пари да ги одработи подготовките.

Федерацијата во повеќе наврати апелираше во властите во држвата да помогнат со финансиите, но освен помоштта од одредени општини кои донираа средства за настап на младинските селекции на Европските првенства, до денеска нема финасии за сениорите, а рокот за подмирување на трошоците е при крај.

„На крајот на минатиот месец од страна на наделжните во Министерствата добивме ветување дека во првата седмица од месец август ќе ни бидат уплатени финансиски средства на сметката, но тоа засега не се случи. Поради тоа во овој момент заминувањето на машката сениорска репрезентација на турнирот во Естонија кој ќе биде важен дел од подготовките за натпреварите во квалификациите за Светското првенство и настапот на Евробаскетот е доведено во прашање.

Кошаркарската федерција залудно испраќа дописи и молби бидејќи помош нема. Сениорската репрезентација ја очекуваат уште многу обврски, а во моментот голема мистерија е како ќе се подмират финанските проблеми. Оваа седмица истекуваат последните рокови за подмирување на трошоците. Упатуваме апел до властите да ни излезат во пресрет. Доколку не го направат тоа не се исклучува и најлошото сценарио“, стои во дел од новото соопштение на Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина.

Заминувањето за Естонија е предвидено за 11. август, а во балтичката државата „лалињата“ треба да одиграт два пријателски натпревара.

На крајот на месец август Босна и Херцеговина ја очекуваат натпреварите против Црна Гора и Франција во квалификациите за Светското првенство 2023, а потоа и дуелите против Словенија, Франција, Унгарија, Литванија и Германија од групната фаза на Евробаскетот.

Се вчитува...