Кошаркарската федерација на Македонија со свечена церемонија во просториите на скопскиот хотелот Хилтон ги прогласи најуспешните кошаркари и кошаркарки за 2021 година. Епитетот најдобар кошаркар му припадна на Војдан Стојановски, додека признанието за најдобра кошаркарка го доби Александра Стојановска.
КФМ, меѓу другото, избра и најуспешни клубови, тренери и спортски работници за изминатава година. Епитот најдобар клуб во сениорска конкуренција го понесе КК МЗТ Скопје Аеродром, додека во женската конкуреција истиот и припадна на ЖКК Баскет Кам. Признанијата за најдобри тренери ги добија Александар Петровиќ во машка и Александар Ашаданов во женска конкуренција.
Посебни награди добија и членовите на кошаркарската селекција на Специјалната олимпијада.
НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2021 ГОДИНА
⋅ Најдобар кошаркар: Војдан Стојановски
⋅ Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска
⋅ Најдобар млад кошаркар: Андреј Шошкиќ
⋅ Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска
⋅ Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје
⋅ Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет Кам
⋅ Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички
⋅ Најдобра женска екипа (младински лиги): Крива Паланка
⋅ Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Александар Петровиќ
⋅ Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашаданов
⋅ Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Александар Јованчев
⋅ Најдобра тренерка на женска екипа (младински лиги): Мирослав Ивановски
⋅ Најдобар играч во 3 на 3: Христијан Ристов
⋅ Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае
⋅ Најдобар кошаркарски судија: Александар Павлов
⋅ Најдобар македонски играч во странство: Ненад Димитријевиќ
⋅ Најдобар македонски тренер во странство: Емил Рајковиќ
⋅ Најдобра младинска репрезентативна селекција: Машка репрезентација под 16 години
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА