По смената на Сречко Хорват од местото комесар за натпреварување во сениорските лиги, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска го назначи Александар Милојевиќ за нов вршител на оваа должност.
„Ве известуваме дека на Управниот одбор на КФСМ од 24.март.2021 година, донесена е одлука за разрешување на Сречко Хорват од функцијата Комесар за натпреварување во сениорски лиги.
Согласно член 43 од Статутот на КФСМ, изборот на Комесар за натпреварување, а на предлог на Здружението сениорски лиги, по реализираното гласање, нашиот меѓународен судија со знакот на ФИБА, Александар Милојевиќ е избран на функцијата Комесар за натпреварување во сениорски лиги, на која стапува уште од денеска, 29. март, 2021 година.
Федерацијата му изразува особена благодарност на Среќко Хорват, за досегашниот, а во исто време и успех во понатамошниот професионален ангажман.
На Александар Милојевиќ му посакуваме успешна работа во периодот кој е пред нас“ – стои во соопштението на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА