Најдобриот македонски футсал клуб КМФ Проект со дополнителни три засилувања за пролетниот дел од шампионатот низ кој ќе се брани лидерската позиција и атакува на шампионската круна.
Во клубот повторно се враќаат репрезентативците Мартин Тодоровски, Иван Крстевски и Драган Петровиќ кои изминатава полусезона настапуваа за КМФ Врање во шампионатот на Србија.
Нов играч оваа зима е и Бојан Јанев, а од тимот си замина Виктор Димков.
Пролетниот дел од првенството во Првата македонска футсал лига почнува следниот викенд. КМФ Проект во првото пролетно коло на домашен терен го пречекува тимот на КМФ Јувентус Серава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА