КФМ со ковид-пропозиции: Ако не се одигра 70% од првенството, нема шампион ниту испаѓање

Сезоната 2021/22 во македонската прволигашка кошарка на самото отварање се одвива во најдобар можен ред без потешкотии создадени од пандемијата на коронавирус.

А, за разлика од сезоната 2019/20 кога одлуката за непрогласување на шампион донесе контроверзии и препукувања во релација клуб-федерација, како и претходната сезона кога не се почитуваа целосно протоколите за одложување на средби, оваа сезона „куќата на кошарката“ дополнителен препозиции во кој јасно се утврдени сите ситуации.

Во истите се утврдени случаи со можни одложувања поради позитивни случаи, како и протокол доколку дојде до прекин на лигата. Соопштението на КФМ ви го пренесуваме во целост.

„ДОПОЛНУВАЊЕ НА СИТЕ ПРОПОЗИЦИИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА СЕЗОНА 2021-2022 (КОВИД-19)

1. Во натпреварувачката сезона 2021-2022 година, сите натпревари, во сите категории се играат со максимум 30% публика од капацитетот на седиштата во салата.
2. На натпреварите можат да бидат присутни лица одредени со Протоколите на КФСМ за време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
3. Ако една екипа има најмалку четири (4) позитивни играчи, екипата оди во самоизолација и после пропишаниот карантин се враќа во натпреварување и на истата и се одобрува максимум седум (7) дена да се подготви за следните натпревари. За позитивни играчи, или играчите во самоизолација клубот е должен да достави наоди и решенија за самоизолација на Комесарот за натпреварување. На барање на клубот, или по основ на доставената документација, Комесарот за натпреварување ги одложува натпреварите.
4. Доколку се одложи натпревар поради Ковид-19, истиот може да се одигра во текот на првенството, независно од одиграните кола, а термин за одигрување на истиот донесува Комесарот за натпреварување во консултација со екипите и КФСМ.
5. Ако кај повеќе од една екипа се појават поголем број на позитивни играчи, одлуката на кој начин ќе се продолжи првенството донесуваа раководството на КФСМ во консултација со клубовите.
6. Доколку со последиците од КОВИД-19, или друг вид пандемија е наметнат прекин на натпреварувањето, а при тоа не се одиграни 70% од натпреварите во регуларниот дел од првенството истото се поништува, нема прогласување на шампион, нема испаѓање ниту влегување во повисок ранг. Доколку последиците од КОВИД-19 е наметнат прекин на натпреварувњеето, а при тоа се одиграни над 70% од натпреварите во регуларнипт дел од првенството истото ќе се смета за завршено. Првопласираната екипа ќе биде прогласена за шампион, екипите кои треба да испаднат ќе се преселат во понизок ранг, а екипите кои треба да влезат ќе се преселат во повисок ранг на натпреварување.
7. Право на настап при одложен натпревар, имат играчи кои се регистрирани на денот на одигрување на одложениот натпревар.
9. Ако некој тренер на екипа со соодветна тренерска лиценца од повисок ранг е позитивен и треба да оди во изолација, на истата екипа и се дозволува негова замена со тренер и со лиценца од понизог ранг се до неговото излекување.
10. Сите одредби на Пропозициите за натпреварување кои се во спротивност на горенаведените одредби ќе се стават вон сила за цело време на важноста на овие одлуки.
11. КФСМ ќе ја следи епидемиолошката состојба во земјата, и пред се на таа ќе ја прилагоди оваа Одлука. Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното донесување“, стои во сооптението.

Се вчитува...