Новото раковоство на кошаркарската федерација на Македонија од почетокот на сезоната 2025/26 јасно стави дознаење дека кога станува збор за регуларноста нема да има компромис.
КФМ го казни МЗТ Скопје со одземање на победата над Ангели поради пропуст во пријавената листа на кошаркари за дуелот против повратникот во елитното првенство, а изрече и строги казни за пропустите на судиите на дел од досекогашните натпревари.
„Во изминатото, трето (3) коло и тековното, четврто (4) коло, од првенството во МТЕЛ Супер лигата – мажи беа евидентирани неколку пропусти што директно влијаеја врз регуларноста на натпреварите. Согласно Правилникот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување и Дисциплинскиот правилник на КФМ, а врз основа на член 43 од Статутот, Федерацијата презеде конкретни мерки:
1. За грешката во последната минута од натпреварот КК „Кожув“ – КК „Гостивар“, санкционирани се судиите со забрана за вршење должност на 4, односно 2 натпревари, согласно членот 42.9.7 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги;
2. За грешката на натпреварот КК „Куманово“ – КК „Феникс“, делегатот е санкциониран со забрана за извршување функција на 4 натпревари, член 60.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги;
3. За натпреварот КК „Пелистер“ – КК „Маџари“, за делегатот ќе биде изречена истата мерка – забрана за вршење должност на 4 натпревари, член 60.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги“, стои во соопштението на КФМ.
Со овој потег КФМ стави дознаење дека никој не е над правилата: ниту судиите, ниту делегатите, ниту клубовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

