Раководството на КФСМ вечерва и официјално распиша оглас за организација за претстојниот завршен турнир од Купот на Македонија, што почнувајќи од годинава редовно ќе го носи името на нашата кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур.
Почетната сума што „куќата на кошарката“ ја бара од заинтересираните изнесува 500.000 денари, сума што во период на корона-криза ќе биде тешко да се најде клуб што ќе ја плати за организација, особено во ситуација кога е речиси сигурно дека нема да има навивачи на трибините.
„Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, и одлуката на Управниот одбор од 05.04.2021 година, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги поканува заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур 2021“ во машка и женска конкуренција.
Поднесувањето на пријавите е најдоцна до 15.04.2021 година на следната емаил адреса: contact@basketball.org.mk
Во пријава потребно е да бидат наведени следните податоци:
- Назив на фирма (за правно лице) или име и презиме (за физичко лице)
- Адреса на фирма (за правно лице) или адреса на живеење (за физичко лице)
- ЕМБС (за правно лице) или ЕМБГ (за физичко лице)
- Телефонски број, емаил адреса
По поднесувањето на пријавите за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур 2021“ во машка и женска конкуренција, Федерацијата ќе одреди датум за online јавно наддавање (лицитација).
Почетната сума на јавното наддавање за организација на Купот изнесува 500.000 денари.
Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија (300000003207438) во Комерцијална банка ад Скопје.
Организаторот на Финалниот турнир за Купот 2021 кој ќе се одржи од 14 до 16 мај 2021 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и според Прирачникот за организација на Финалниот турнир“, информираат од КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА