Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје со присуство на мнозинство од клубовите со право на глас, денеска се оддржа редовната седница на највисокот орган на федерацијата – Собранието.
На седницата со која раководеше претседателот Перо Антиќ, како гостин, овојпат во улога и на советодавач, беше и директорот за Агенцијата за Млади и спорт, г-динот Наумче Мојсоски.
Клубовите кои беа присутни на сеницата, имаа можност директно да се запознаат со функционирањето на оној т.н. „спортски ваучер“, и да се информираат за актуелниот момент поврзан со начинот и реализацијата на средствата кои ги предвидува државата како дополнителна помош за кошаркарските колективи во наредниот период.
Делегатите, вкупно 23, кои присуствуваа на седницата на Собранието, го усвоија извештајот за работата на КФСМ за 2021/2022, како и финансискиот извештај на федерацијата за 2021 година.
Од страна на новиот спортски директор, Марјан Србиновски, присутните делегати беа запознати и за понатамошните планови за работа на националните селекции, а преку комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ и за одредени измени и дополнувања во Регистрацискиот правилник на федерацијата
Едногласно, беа усвоени сите предлози, во најголем дел поврзани со функционирањето на младинскиот сегмент во работата на органите на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА