КФСМ ги избира најдобрите: Војдан, Димитријевиќ, Илиевски…

Кошаркарската Федерација на Македонија вечерваќе ги додели наградите за најдобрите во мак-баскетот за 2023 година, како заокружување на календарската година во кошаркарскиот спорт.

Сосема очекувано, Војдан Стојановски повторно ќе се закити со признанието за најдобар македонски кошаркар од домашното првенство, откако капитенот на репрезентацијата одигра маестрално во дресот на МЗТ, предводејќи ги аеродромци до нова шампионска титула.

Најдобри македонски кошаркари во странство апсолутно заслужено се Ненад Димитријевиќ во машка и Анџелика Митрашиновиќ во женска конкуренција.

Признанието за најдобар македонски тренер за првпат ќе заврши во рацете на Марјан Илиевски, кој минатата сезона беше вицешампион со Пелистер.

Наградата за најдобра екипа ќе замине кај младинската репрезентација на Македонија, која предводена од селекторот Никола Василев оствари голем успех успевајќи да влезе во А-дивизијата.

Се вчитува...