КФСМ: Исплатени официјалните лица, судии и делегати

Кошарката федерација на Македонија денеска соопшти дека е комплетирана исплатата на заостанатите побаравуња кон сите официјални лица, судии и делегати во кошарката.

„Кошаркарската Федерација денеска ја комплетираше исплатата на официјалните лица на кошаркарски натпревари, судии и делегати, во рамки на сите натпреварувања организирани од КФСМ.

Воедно, Кошаркарската Федерација сака да им се заблагодари на сите инволвирани за трпението и се надева дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви непријатни ситуации“, стои во соопштението на КФСМ.

Се вчитува...