Кошаркаската федерација на Македонија изрече казни по повод нередите на натпреварот помеѓу Куманово и МЗТ во плеј-офот во Првата кошаркарска лига.
На полувремето, незадоволни од изданието на своите кошаркари, навивачи на домашниот тим влегоа на терен и се пресметуваа со неколку кошаркари, а главна мета беше Тадиќ.
По собраните изјави од учесниците на мечот, КФСМ се одлучи да го казни КК Куманово за настап без публика на следниот натпревар за третото место од плеј-офот против Работнички, како и три натпревари без публика од следната сезона. Згора на тоа, Куманово доби и парична глоба од 400.000 денари.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

