По вчерашното барање од страна на МЗТ Скопје до Кошаркарската федерација на Северна Македонија за враќање, во рок од три дена, на 17.000 евра (парите кои ги уплатиле на сметката на федерацијата од почетокот до прекинот на првенството), или во спротивно ќе поднесат кривична пријава против Перо Антиќ, денеска одговор од канцеларијата на КФСМ.
Од Кошаркарската федерација наведуваат дека барањето на МЗТ Скопје е целосно конфузно, паушално и нејасно и служи единствено за сосема други цели, а не за евентуално регулирање на односите меѓу правните субјекти.
Целосниот одговор од КФСМ до МЗТ Скопје може да го прочитате на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА