Борбата за раководењето со македонската кошарка дополнително ќе се разгори во текот на месецов, откако Перо Антиќ обелодени дека не е во можност да го свика очекуваното редовно Собрание на КФСМ планирано за месецов, поради пандемијата од коронавирус и мерките за спречување на ширење на Ковид-19.
Објаснувањето на Антиќ се однесува на редовното собрание што требаше да се вика во период од една година од неговиот избор (15 мај 2019 година), но за очекување е истото ова да послужи и како „алиби“ кога „опозицијата“ ќе тргне за негова смена, барајќи свикување на Вонредно Собрание.
„Опозиционерите“ настојуваат кошаркарските избори да се случат пред парламентарните, па интересно ќе биде да се види дали ќе успеат да го „убедат“ Антиќ на свикување на Вонредно Собрание, или ќе чекаат да биде закажано Редовно собрание, па на него ќе бараат гласање за недоверба во работата на претседателот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА