Денвер на крилја на Никола Јокиќ стигна до нов триумф во НБА лигта, овој пат против Далас во натпревар во кој тимот од Колорадо имаше и двоцифрена негатива на влезот во одличувачката четвртина.
За новиот неверојатен настап српскиот интернационалец доби пофални зборови од страна на противничкиот тренер, Џејсон Кид, некогашниот легендарен плејмејкер.
„Тој е најдобар на светот и мораме да се обидеме да одиграме нешто друго. Најдобар е. Ако промаши, наоѓа начин да дојде до скок во нападот и повторно да поентира“, вели Кид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА