Репрезентативецот на Либија, Мохамед Заaбија, е киднапиран во својата татковина. Ова го јави турскиот новинар Сухаил Кмира, кој пишува дека група вооружени екстремисти го киднапирале фудбалерот кој е под договор со Итихад Триполи од Либија.
Заaбија пред 10 години беше дел од белградски партизан. Во 2012/2013 одигра девет меча за „црно-белите“, и постигна еден гол. Меѓутоа брзо замина од клубот откако не успеа да се наметне.
34-годишниот Зaабија во својата кариера играше и во Катар, Алжир и Тунис, а ќе се покаже дека трансферот во Партизан му е единствен ангажман во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА