Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини (36) жали што одбил да се пресели во Лондон и да направи трансфер во тимот на Арсенал. Челниците на лондонскиот клуб го следеле Кјелини пред 20 години, додека тој играл во Ливорно, па тие имале намера да го доведат во своите редови. Арсенал во тие години беше еден од најсилните тимови во Англија и Европа, што не е случај денес, па се чини дека Џорџо направил одличен избор, со оглед на тоа што Јувентус е многу поуспешен тим од „топчиите“.
Сепак, Киелини тогаш го одбил лондонскиот клуб, а денес жали за тоа.
„Бев луд кога ја одбив таа понуда. Имав 16 години, играв во Серија Ц и добив голема понуда. Не се чувствував подготвен. Ако прифатев, ќе помислев дека ќе го изневерам Ливорно”, изјави Кјелини.
Пет години по оваа понуда пристигна покана од Јувентус. Тој не можеше да го одбие тимот од Торино и е играч на „Старата дама“ веќе 16 години. Кјелини има одиграно 518 натпревари за Јуве и постигнати 36 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

