Киелце го победи Загреб, Веспрем го остави Целје на „нула“

Ракометарите на Киелце триумфираа над Загреб со 28-24 во еден од клучните натпревари во битката за следната фаза од Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион беше рамноправен, на паузата беше 12-12, за да клучната разлика домашните ја направат на 22-22, поведувајќи со 26-22 што беше клучно за победата.

Вјадерни со пет гола беше најдобар кај Киелце, a кај Загреб, Кос и Дибиров запишаа по пет погодоци.

Веспрем, пак, во Групата Б го „демолираше“ Целје победувајќи со 31-41, со што ги остави Словенците и натаму без победа сезонава.

Европскиот шампион Магдебург лесно славеше против ГОГ Гудме со 32-25.

Се вчитува...