Од Кјелце денеска се јавија со реакција за транспарентот што осамна на синоќешниот натпревар со Вардар, на трибините во СЦ „Јане Сандански“, со навреда за тренерот Талант Душебаев.
За транспарентот на кој пишуваше „Талант петух“, но и за свирежите и навредите од навивачите на Вардар упатени кон Алекс Душебаев, реагираше и тренерот на Кјелце на прес-конфренецијата после натпреварот.
„Знаете ли што значи петух на руски? Тоа е пе.ер… Дали е тоа во ред, едно такво непочитување“ – истакна вчера Талант Душебаев.
А, денеска полскиот шампион упати реакција до Вардар и до ЕХФ и преку официјалниот профил на клубот.
„Вчера 60 минути со навредлив банер на трибините без никаква реакција од Вардар и од судиите. Засрмете се! Ние не се согласување со непочитување на спортистите“ , напишаа од Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА