Киелце го искористи денешниот натпревар од Лигата на Шампионите против ПСЖ за да му приреди незаборавно испраќање на долгогодишниот прв човек на клубот, Бертус Сервас.
Сервас со години беше претседател и прв финансиер на клубот, неколку пати го спаси клубот од целосен колапс, но летово се повлече од функцијата со доаѓањето на нов спонзор на чело на Киелце.
Сепак, тој ја доби почеста што ја заслужува откако во негова чест беше повлечен дресот со број 21, бројот на години колку што тој го водеше Киелце во најуспешниот период од клупската историја.
Исто така, навивачите со извонредна кореографија на самиот почеток на дуелот со ПСЖ ја искажаа својата благодарност до успешниот бизнисмен.
Tak kibice @kielcehandball podziękowali @BertServaas 🙌🙌🙌#ehfcl pic.twitter.com/imYNAneAix
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) September 27, 2023
🎶 🎶🎶
Żegnam was, już wiem ⁰Nie załatwię wszystkich pilnych spraw ⁰Idę sam, właśnie tam ⁰Gdzie czekają mnie…#gramyRAZEM #dawajDAWAJ #ehfcl pic.twitter.com/zqoTfropQQ— Industria Kielce (@kielcehandball) September 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА