Киелце е на добар пат да го осигура своето место на фајнлфор турнирот на Лигата на Шампионите во Келн откако по првиот натпревар против Монпелје стигна до предност од 28-31. Полскиот тим ја имаше резултатската контрола во поголемиот дел од мечот, одолеа на налетот на противникот во второто полувреме и триумфално замина од Франција.
По изедначеното отварање на мечот гостите со серија од 3-0 стигнаа до предност од 4-7, а продолжија со добрата игра и до крајот на првото полувреме до кое ја зголемија позитивата на 12-16. Киелце продолжи да го контролира резултатот и во второто полувреме, но Монпелје од минута во минута ја топеше негативата па во еден момент стигна и до само „минус еден“, а немаше сили за целосно враќање во мечот. Полјаците одиграа искусно кога беше најпотребно па приредија мирен финиш во кој ја вратија посакувната предност.
Дескат со пет гола го предводеше Монпелје, додека него го следеа Вилеминот и Валиниус со по четири. Алекс Душебаев беше лидер на Киелце со седум гола, а Каралек додаде пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА