Федерико Киеза влезе од клупата и му асистираше на Данило при победничкиот гол за Јувентус на денешниот меч со Удинезе, за осмата победа во низа на „старата дама“ во Калчо-лигата.
Италијанскиот репрезентативец по мечот му ја посвети победата на починатиот Џанлука Вијали, со кого Киеза имаше можност да соработува во италијанската репрезентација на ЕВРО 2020, каде Вијали беше дел од стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини.
„Осум победи по ред, и тоа без примен гол е навистина многу, но тренерот бара секогаш да играме се подобро и подобро, ние го правим токму тоа. Денешната победа беше во чест на Џанлука Вијали, моите мисли се со неговото семејство. Имав среќа да се запознаам, патиштата да ни се спојат, можам да кажам дека беше навистина прекрасна личност. На ЕВРО 2020 тој како секогаш да беше со нас на теренот, ни даваше таква неверојатна енергија од клупата“, изјави Киеза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА