ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Напаѓаот на „аѕурите“ Федерико Киеза вели дека мечот против Македонија е најважен за нив во овие квалификации.
„Навистина жалам што поради повреда не можев да и помогнам на репрезентацијата во претходните два прозорци во септември и октомври. Среќен сум што сум повторно тука и што ќе можам да му помогнам на тимот. Можам да кажам дека е многу мирно во нашиот камп и сигурен сум дека токму тој мир ќе ни донесе успех во мечот против Македонија. Утрешниот меч против Македонија е најважен бидејќи настапот на ЕВРО 2024 е под голем знак прашалник. Никако не смееме да ја потцениме Македонија бидејќи секој интернационален меч е тежок“, изјави Киеза.
Околу мечот во Палермо, тој вели дека ова ќе биде различен натпревар и се надева дека ќе победат.
„Очекувам различен натпревар од тој во Палермо бидејќи тоа беше плеј-оф. Ќе гледаме утре да победиме и потоа да размислуваме на Украина. Имаме голема одговорност. Секој меч е различен и секогаш ни е мило кога играме на „Олимпико“, заврши Киеза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА