Федерико Киеза е најзаслужниот за триумфот на Италија над Македонија синоќа на „Олимпико“ во Рим по кој „аѕурите“ сега со Украина во одлучувачки меч ќе бараат пат кон ЕВРО 2024.
Киеза со два убави погодоци во финишот на првото полувреме обезбеди предност од 3-0 за Италија која беше недостижна во второто полувреме и покрај тоа што македонската селекција во еден момент успеа да се врати и на 3-2.
„Најважно е што победивме, иако мора да признаеме дека имавме и минути кои се недозволиви. За жал примивме два гола кои мислам дека не ги заслуживме… Не требаше да дозволиме внесување таква неизвесност. Но, со овој селектор играме понапаѓачки, па со тоа ризикуваме и да примиме голови. Сега ни останува уште дуелот со Украина за пласман на ЕП. Сега ќе се бориме во директен дуел против Украина за пласман на Европското првенство“, истакна по мечот Киеза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА