Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза успешно е опериран на вкрстените лигаменти на левото колено, и се очекува да паузира седум месеци, потврди клубот од Торино.
Италијанскиот репрезентативец се повреди на 9. јануари на мечот против Рома. Операцијата требаше да биде извршена уште пред една недела, но е одложена поради настинка на фудбалерот.
Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини после натпреварот со Милан синоќа, кажа дека повредата на Киеза е „тежок удар за тимот“. Стигна поддршка и од селекторот Роберто Манчини, кој му порача „Федерико, те чекаме“.
Киеза нема да биде на бараж дуелот со Македонија во март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА