Федерико Киеза не ја доби шансата што ја заслужува во Ливерпул кај Арне Слот, па крилниот офанзивец сериозно размислува за враќање назад во татковината, во клуб во кој би играл редовно за да може да се наметне и за место во националниот тим пред баражот за СП 2026.
Јувентус е клубот што во моментов покажува најсериозен интерес, откако Лучијано Спалети го посочил токму овој фудбалер како идеално засилување за јануарскиот преоден рок. Самиот Киеза покажал интерес да соработува со тренерот со кого добро функционираше додека Спалети беше селектор на Италија, давајќи зелено светло и за конкретни преговори меѓу клубовите.
Проблем е што Јувентус нема буџет за засилувања во јануари, па единствена опција е позајмица на шест месеци. Од друга страна, Ливерпул сигурно нема да го пушти Киеза додека Салах не се врати од Купот на Африкански Нации, но и додека не стане јасно дали „фаронот“ ќе остане на „Енфилд“ до крајот на сезонава.
Доколку е тоа случај, големи се шансите да се излезе во пресрет на Киеза за италијанскиот репрезентативец да се врати назад во Сеирја А. За потсетување, овој фудбалер дојде од редовите на Јувентус за сума од 14 милиони фунти пред една и пол година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

