Киеза-шоу во Милано: Јуве пак води на „Сан Сиро“

Јувентус повторно е во водство на гостувањето против Милан, и повторно стрелец на голот за „старата дама“ е Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец одлично се снајде на дваесетина метри од противничкиот гол, го искористи фактот дека Тео Хернандез му остави доволно простор за маневар, па со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го матираше Донарума.

Му беше потребно малку време за адаптација, но Киеза на последните натпревари дефинитивно делува како вистинско засилување за Јувентус, по преселбата од редовите на Фиорентина.

Се вчитува...