Најдобриот македонски кик-боксер Бобан Илиоски на 26. април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се бори за професионалната светска титула против светскиот ВАКО првак, Берк Дузенли од Турција.
Ова е за првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кик-бокс настан, кој е еден од најголемите настани во регионот.
„Пријатели би сакал да ве известам дека за првпат во историјата на македонскиот кик-бокс, на мое огромно задоволство ќе се одржи еден од најголемите настани во регионот. На 26. април 2024 во СЦ „Јане Сандански“, во организација на кик-бокс Маи-таи федерација и „Арена фајт најтс“ ќе се одржи спектакуларен кик-бокс натпревар, каде што ќе се борам за професионална светска титула против светскиот вако-првак Берк Дузенли од Турција. Ве поканувам да бидете дел од овој настан и да ме поддржите мене и останатите македонски борци кои ќе се натпреваруваат“, напиша Илиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА