Кик-боксерот Лука Кипровски заплива во ВАКО – про водите

Во сабота на 28. март во Црна Гора во хотел Сплендит нашиот кик-бокс репрезентативец Лука Кипровски ќе се бори во ВАКО про против црногорскиот шампион Лазар Кликовац во категорија во категоријата -86 килограми во К1 дисциплината 3х3.

Лука Кипровски е член во клубот Шампион – Магнус Тим, а негов тренер е Дејан Митровски Урко. Двајцата се искусни и технички подготвени борци. Не се сретнаа минатата година на Светското првенство во Абу Даби, бидејќи нашиот Лука минатата година работеше на симнување на килажа како би влегол во пониска категорија -81 килограм, а оваа година тој и неговиот тим решија да се пробаат во повисока тежинска категорија.

Борбата ќе биде пренесувана на Арена фајт, а од нашиот тим очекуваат победа.

Се вчитува...