Кикбокс федерацијата се оградува од наводниот ММА настан во „Јане Сандански“

Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија ја информира јавноста дека и покрај тоа што во Статутот на КМФМ e заведена и дисциплината ММА која потпаѓа под федерацијата, и во минатото има организирано легитимни ММА национални првенства, се оградува од ММА настанот кој ќе се одржи утре, на 14 септември, во СЦ “Јане Сандански”.

„Настанот е од приватен карактер кој е шоу настан во организација на федерација за бразилска џиуџица која нема допирна точка со ММА заедно во позадина со српска фирма и на истиот нема да земе учество ниту еден член на нашата федерација ниту самата федерација. Оваа информација ја споделуваме со јавноста од причина што имаме постојани јавувања и прашања од наши поддржувачи бидејќи постојат шпекулации за учество на наши членови и инволвираност на нашата федерација“ – ни изјави претседател на КМФМ, Дејан Митровски-Урко.

Се вчитува...