Македонската кикбокс репрезентација отпатува на ВАКО Европскиот кикбокс куп “Сараево опен 2023” кој ќе се одржи од денеска па до недела во Сараево, БиХ.
На овој престижен кикбокс натпревар ќеучествуваат 583 натпреварувачи во 751 натпреварувачки влезови од 15 држави. Нашата репрезентација е составена од 60 натпреварувачи во 64 натпреварувачки влезови, тренери, судии и организациски тим од 13 македонски кикбокс клубови членки на КМФМ.
Во склоп на овој куп ќе се одржи и купот “ГРАНД ПРИ БИХ 2023” за почетници и помлади кадети на кој ќе учествуваат осум наши натпреварувачи од три кикбокс клубови.
„Се надевам на добар резултатски пласман и очекуваме добри борби и медали. Овие европски купови се големи кикбокс настани на кои имаме можност за врвна размена на искуства, настапуваат голем број на противници во сите дисциплини и категории и секако се купови на кои се собираат поени и влијаат на рејтингот на натпреварувачите. Им посакувам успех на сите членови на нашата репрезентација и посакувам успешен куп без повреди“ – изјави претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА