Македонската кикбокс Маи Таи федерација забележа извонреден успех на Балканскиот Куп кој изминативе денови се одржа во Тешањ, БиХ, со освоени вкупно 67 медали.
На шампионатот македонската репрезентација ја претставуваа 85 натпреварувачи од 16 клубови членки на КМФМ, кои освоија вкупно 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени одликувања.
КБК Шампион од Скопје забележа одличен успех со освоени вкупно девет одликувања од кои три златни, три сребрени и три бронзени. Златни медали освоија: Нелсон Узеир (ЛК, -84 кг), Лука Кипровски (ЛК, -81 кг) и Марко Ристоски (КЛ, -57 кг), со сребро се закитија: Халдун Ахмед (ЛК, -81 кг), Адис Камберовски (КЛ, +47 кг), Лана Павлов (КЛ, -55 кг) и Андреа Костовска (ЛК, -56 кг), а бронзени медали освоија Лука Савовски (ЛК, -75 кг) и Кристина Спиркоска (ЛК, -60 кг). Максим Митровски во К1 до 75 килограми го освои петтото место.
Претседателот на КБМФ, Дејан Митровски – Урко, кој е и претседател на Балканската кикбокс федерација, го отвори Балканското првенство во Тешањ.
„Јас како претседател на КМФМ навистина сум задоволен од целокупниот пласман на нашата репрезентација. Успешно презентиран македонскиот кикбоск како и многупати претходно на интернационалната сцена“ – ни изјави Митровски по завршувањето на Балканскиот куп во БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА