Кикбоксерите со најголем број наградени во изборот на најдобрите спортисти на Град Скопје (ФОТО)

На денешниот избор на најдобрите спортисти и спортски работници од Скопје во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија преку своите претставници од КБК Шампион од Скопје, КБК Гладијатор од Скопје и КБК Прокик фемили од Скопје, повторно се издвои со пет наградени спортисти и тренер.

За најдобар спортист сениор во избор од 10 наградени е прогласен Бобан Илиоски од КБК Шампион Скопје, а 8-мо награден во истата категорија е Стефан Михајловски од КБК Прокик фемили Скопје.

За најдобар спортист јуниор во избор од 10 наградени е Силвио Мировски од КБК Гладијатор Скопје, а 6-то награден во истата категорија е Максим Митровски од КБК Шампион од Скопје.

За најдобар тренер за 2024 година е избран Дејан Митровски – Урко претседател и селектор на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија и тренер на КБК Шампион од Скопје.

„Оваа година повторно докажавме дека кикбоксот е национален спорт број 1 и затоа ги собравме наградите за најдобри спортисти и тренер и на градско ниво. Секоја награда е сосема заслужена и освоена со многу напор, пот, упорност и борби. Среќен сум што и оваа година сум прогласен за најдобар тренер на Град Скопје, но уште посреќен сум што за најдобри спортисти на Градот Скопје се избрани два кикбоксери Илиоски и Мировски, а наградени во плеадата се уште два кикбоксери Митровски и Михајловски” – изјави Дејан Митровски – Урко.

Се вчитува...