Еден од најдобрите македонски кикбоксери Бобан Илиоски ќе учествува на професионална борба во Бугарија на престижниот високорангиран турнир СЕНШИ на кој партиципираат најдобрите и најатрактивни борци медалисти кои покажале добра борба и постигнале успех во своите официјални WАКО Кик Бокс, ИФМА Маи Таи и Ќокошикај карате првенства.
Мечот на Илиоски е против WАКО шампионот Александар Петров кој важи за еден од најдобрите борци во Бугарија. Борбата (до 85кг) ќе се одржи во Варна и ќе биде три рунди по три минути со можност за продолжување од една минута доколку е нерешено.
На турнирот како почесни гости ќе бидат и светските имиња во кикбоксот: Семи Шулц, Питер Артс и Ернесто Хост, кој ќе ги доделуваат појасите на шампионите. Од Македонија, покрај Бобан Илиоски и неговите тренери, поканет се и претседстелот на КМФМ, Дејан Митровски како и Драган Атанасовски.
На настанот ќе учествуваат елитни натпреварувачи шампиони во различни боречки спортови и тренери и инструктори од Бугарија, Русија, Молдавија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина, Холандија, Германија, Иран, Шпанија, Полска, Италија, Естонија и Романија во 11 борби. Борбите ќе бидат за освојување на СЕНШИ шампионскиот појас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА