Кикбоксерот Туркер Исмаил стартуваше со победа на Европското јуниорско првенство во Турција

Македонскиот кикбоксер Туркер Исмаил извојува побеа во квалификациските борби на ВАКО Европското кикбокс првенство за јуниори, кадети и деца 2023, кое се одржува во Истанбул, Турција.

Исмаил во одлична борба убедливо со 3-0 славеше против грчкиот репрезентативец Пантелејмон Арапогијанис, па сега ги продолжува борбите на главниот турнир.

Останатите двајца наши натпреварувачи кои имаа квалификациски натпревари ги загубија борбите. Јадранка Темелкова од Елеа Даен од Франција, а Петар Илковски од литванскиот кикбоксер Сергеј Јермолајевс. Денеска во квалификациите ќе се натпреварува Силвио Мировски.

Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко учествува со шест кикбоксери на европското првенство. На овој престижен кикбокс натпревар учествуваат 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.

Се вчитува...