Кике Санчез Флорес го презеде Шангај Шенхуа

Шпанскиот стратег Кике Санчез Флорес се нафати на кинески предизвик. Тој е именуван за нов тренер на кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа. Тој во април си замина од кормилото на Еспањол, каде претходно работеше речиси две години.

Кике Санчез Флорес во кариерата беше тренер и на Атлетико Мадрид, Бенфика, Валенсија, а работеше и во Премиер – лигата како менаџер на Вотфорд.

Шангај Шенхуа минатата сезона ја заврши на седмото место во елитната фудбалска дивизија на Кина со дури 30 бода заостанување зад шампионот Шангај СИПГ.

Се вчитува...