Кике Сетиен: Барселона се уште ми должи пари

Новиот тренер на Виљареал, Кике Сетиен откри дека каталонскиот гигант Барселона се уште му должи пари. Сетиен ја презеде Барса на почетокот на 2020 година, но беше сменет во летото истата година, по катастрофалниот пораз од Баерн во Лигата на шампионите (8-2).

Сетиен неодамна беше назначен за тренер на Виљареал, откако досегашниот Унаи Емери го смени шпанскиот тим со премиер-лигашот Астон Вила.

„Финансиската криза имаше големо влијание врз тоа што Барселона се уште ми е должна. Ова го велам затоа што се уште не ми ги исплатиле целосно сите пари. Во исто време, нема да брзам, подготвен сум да им дадам време колку што им треба. Се е во ред“, изјави Сетиен.

Барселона наводно има договор со Кике за финансиска отштета во висина од четири милиони евра.

Се вчитува...