Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Палмеирас?

Поранешниот стратег на Барселона, Кике Сетиен, се наоѓа пред тренерски ангажман во Бразил. Тој добил понуда да биде нов тренер на Палмеирас.

Кике Сетиен доби отказ од Барселона по дебаклот од Баерн Минхен (2-8) во минатото издание Лигата на шампионите, а оттогаш е без тренерски ангажман. Но, брзо би можел да се врати на тренерскиот занает и да преземе клуб од Бразил.

За 62-годишниот стратег постои голем интерес, а најсериозна е опцијата да го преземе славниот бразилски клуб Палмеирас. Бразилците останаа без некогашниот тренер на Реал Мадрид и бразилски селектор Вандерлеи Луксембурго, кој доби отказ поради лошите резултати.

Раководството на Палмеирас размислува да му понуди договор на Кике Сетиен, го сака стилот на игра што го негува шпанскиот стратег. Тој имаше одлични резултати со Бетис пред да седне на клупата на Барселона.

Се вчитува...