„Кикс“ на Аталанта, само реми без голови со Удинезе

Голем кикс на Аталанта во дуелот со Удинезе на гостински терен. Одигра само без голови, и направи чекор назад кон првото место на табелата во Серија „А“.

За разлика од минатите натпревари, овојпат четата на Џанпјеро Гасперини одигра потпросечен натпревар, со само два шутеви кон голот на противникот и со малку шанси. Удинесе имаше повеќе шанси, но не успеа да го шокира еден од претендентите за титулата.

Во вториот меч одигран попладнево, Лече ја совлада екипата на Емполи како гостин со 1-3. Тете Моренте и Крстовиќ за само 11 минути му донесоа предност на Лече со 0-2. Какасе во 47. минута намали, а потоа Крстовиќ во судиското надополнување ја запечати победата.

Се вчитува...