Алавес му застана на патот на Атлетик Билбао и му одзема значајни бодови во битката за излез во Европа откако во 17. коло од Ла Лига на домашен терен стигна до бод ремизирајќи со 1-1 против фаворизираните гости.
Гостите први поведоа со гол во 10. минута од средбата преку Гомез, а предноста ја задржаа и на полувремето. Во 67. минута Жоан Јордан го совлада противничкиот голман на големо задоволство на домашните навивачи. Овој погодок беше доволен за поделба на бодовите на „Мендизороца“.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА