Челси направи голем чекор назад во битката за првите четири места, откако на домашен терен вечерва одигра само нерешено 2-2 против Лидс. На лондонските „сини“ не им беше доволно и тоа што водеа 2-0, на крајот гостите успеаја да стигнат до голем бод.
Педро на асистенција на Палмер во 24. минута донесе предност за домашните. Кога Палмер од пенал во 58. минута погоди, се чинеше дека бодовите ќе останат на „Стемфорд Бриџ“. Но, најпрво Нмеча од пенал во 67. минута усепа да намали, а само шест минути подоцна Окафор и да го израмни резултатот.
До крајот на мечот Палмер во судиското продолжение имаше добра позиција, но на крајот лоша завршница за нов „кикс“ на Челси во Премиерлигата.
Кај Тотенхем ништо ново. Тимот на Томас Франк никако да се консолидира, па претрпе нов пораз, и му преостанува да се бори за опстанок во Премиерлигата. Екипата од Лондон е поразена на домашен терен од Њукасл со 1-2.
Тиао во финишот од првиот дел успеа да донесе водство за гостите, кое беше анулирано преку Греј во 64. минута. Рамзи во 68. минута донесе ново водство за Њукасл, кое беше задржано до крајот на средбата.
Евертон со играч помалку на домашен терен загуби од Борнмут со 1-2. И покрај водството преку Ндиаје од пенал, сепак, Борнмут стигна до пресврт со головите на Рајан и на Адли, а Обрајан во 69. минута доби исклучување поради остар старт, што значително ги намали шансите за добар резултат од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

