„Кикс“ на годината во НБА: Едните напаѓаа, другите се бранеа – ама на погрешен кош

Кливленд рутински стигна до победата на гостувањето против Далас, но овој дуел ќе остане запаметен по неверојатниот „кикс“ што го направија буквално сите актери на теренот.

Имено, кошаркарите на Далас тргнаа во акција, Кливленд се постави во одбрана…. за после неколку секунди судиите да ја прекинат акцијата- бидејќи Далас тргнал да напаѓа на сопствениот кош, а противникот не го забележал тоа, туку почнал да се брани.

Всушност, главниот пропуст е на судиите кои требало да досудат напад за Кливленд, петорките речиси целосно биле поставени под другиот кош, па кога Далас тргнал во напад, акцијата продолжила без некој да забележи… се до прекинот…

Неверојатна ситуација, но доказ дека вакво нешто може да се случи дури и во најсилната лига на светот.

Погледнете како изгледаше оваа ситуација…

Се вчитува...